Село во БиХ им забрани на политичарите и партиите да агитираат во него за изборите в недела

Пред општите избори во БиХ, селото Подгора ги предупреди сите кандидати на сите партии да не доаѓаат таму.

„Не лажете со години. Ниту една партија не е добродојдена во Подгора“, пишува на голем транспарент што се наоѓа на сретсело. На задната страна од транспарентот, за оние кои се тврдоглави е напишана порака: Дали прочитавте? На луѓето им е доста“.

Дел од партиските активисти помислиле дека жителите на селото не мислат сериозно, но нивните плакати биле искинати.

Подгора има 700 жители и малку е веројатно дека на изборите в недела ќе излезат да гласаат.

Помалку од 20 отсто граѓани имаат доверба во политичарите во државата, се наведува во анкета на Здружението на новинари на БиХ.