});

Секоја година 40 Македонци гинат на работното место

Работните места во Македонија одземаат животи,годишно во просек околу 40 лица ги загубиле своите животи обавувајќи ги работните обрски. Според извештаите на здружението за заштита при работа,убиец број еден е земјоделството.Огромен број на луѓе кои и семејно се занимаваат со земјоделски работи за да обезбедат гола егзистенција, загинуваат бизарно на машини,но допрва треба да се истражува колку отровните материи кои се употребуваат во оваа стопанска гранка се тивки убијци на земјоделците.Ништо помала не е и бројката на загинати во градежништвото.

  • Статистиката е секогаш индикатор дека тука потфрлила безбедноста, т.е.превенцијата.Најчесто се сретнуваме со безбедноста и здравјето при работа поточно работниците се сретнуваат во оној момент кога ќе се случи несреќата на работа.Насреќата самата по себе не е со најава, таа се случува кога не ја очекувате,но кога ќе се случи, тогаш се вплеткуваат во лавиринтот на остварување на своите социјални права.-Изјава Милан Петковски-Претсед.на македонско здружение за заштита при раб.

Тогаш вели Петковски, е доцна да се зборува за заштита при работа,тогаш зборуваме за активирање на неуспешниот државен систем  кој треба да му помогне на граѓанинот за остварување на своите права,став со кој што се сложуваат и странските експерти.

  • Имплементацијата на законите не убива,ние се убиваме од административни преформулации и реструктурирање.Заштита на работниците треба да биде приоритет број еден на секоја држава. Квалитетна заштита на работно место не може да се постигне преку повлекување сретства од ЕУ, тоа не е одраз на државата.-Изјава Здравко Мурати-експерт од Хрвстска.

Податок кој се занемарува е и бројот на заболени од рак-статистиката покажува дека годишни од рак заболуваат 3.500 лица.Од македонското здружение за заштита при работа велат дека голем дел од овие лица, умираа од рак поврзан со нивното работно место и професијата која ја обавуваат.Овој процент во Македонија се движи и до 20 %,а луѓето не се свесни дека заболувањата ги стекнуваат во неадекватну услови,во текот на целиот работен век.

 

 Росица Голабоска