Секоја втора фирма која учествува на тендерите смета дека во постапките има корупција и меѓусебно договарања

Корупцијата цвета во јавните тендери, ама одговорност и пријави нема до никого .Секоја втора фирма која учествува во  јавните тендери  вели дека има корупција, а  управните контроли при Бирото за јавни набавки иако постојат три години не поднеле ни една прекршочна пријава.  Според најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации дури  62 отсто од фирмите признаваат дека има меѓусебно договарање на тендерите, 51 отсто сметаат дека има корупција во јавните набавки, а 50 отсто сметаат дека најчест проблем е критериумот на најниска цена во јавен повик .    Вредноста на договорите во нетранспарентна постапка без објавување на оглас во 2021 е 16 милиони евра повисока во однос на 2020.  НАјмногу договори без оглас склучиле АД Електрани, МВР и МОН

 Во 2021 година  склучени се вкупно 300 договори во вредност од 46 милиони евра, односно за 54 % повеќе од 2020 година. Во вкупната вредност на овие договори не се вклучени и договорите за набавка на природен гас склучени „Балкан Енерџи“ и „ТЕ-ТО“. Во 2020 година вредноста на договорот за набавка на гас изнесувал 13,3 милиони евра, а во 2021 година дури 60 милиони евра.

ТЕЛОП –  Извештај од мониторинг на јавни набавки 2021

Во однос на овие договори, проблематично е тоа што најголем дел од нив се одвиваат низ процес на преговарање со само една фирма, а никаде не се дефинирани начините на коишто таа е избрана. Во случаите, пак, кога преговарањето се води со повеќе фирми, нивните имиња не се објавуваат во известувањата за склучен договор. Дополнителна слабост на овие постапки е тоа што за нив не се објавува тендерска документација, како за другите постапки.

Институциите не ја почитуваат обврската за јавно објавување на известувања на реализирани договори. Само една третина заклучно со мај 2022 ги објавиле склучените договори и од оваа третина за секој четврти договор институцијата не го исплатила  долгот на фирмата.  Комисиите за јавни набавки пак во речиси секој втор тендер отфрлале понуди како неприфатливи, а управните контроли на тендерите од страна на Бирото за јавни набавки нема поднесено ниту една прекршочна пријава ниту известување во Јавното обвинителство во изминатите три години откако постои

ТЕЛОП –  Извештај од мониторинг на јавни набавки 2021

Во 2021 година поднесени се 1.008 жалби од фирмите, што е за 2,5  % повеќе од претходната година. Најголем дел од жалбите се уважени, и тоа 42,6 % од нив. Сепак, уважените жалби се за 10,7 процентни поени помалку во однос на претходната година.

51 милион повеќе од 2021 година потрошиле Градот Скопје и 80 општини ии вкупно 183 милиони евра. Ова е најголем скок на вредност на јавни набавки на единица на локална самоуправа.  Базата покажува дека половина од вредноста на тендерите им припаѓа на само 25 фирми, а  на врвот според вкупната вредност на договорите е градежната компанија Жикол Струмица Струмица со склучени 21 договвор во вкупна вредност од 22 милиони евра.

Кристина Алексиеска