Секое отворање на Уставот со условувања: Што се протнаа албанските политичари во македонскиот Устав?!

Последниве 20 години секое отворање на Уставот, барањата на албанската заедница константа- успеваат да се протнат во највисокиот правен акт во државата.  

Почнувајќи од воената 2001-ва, кога токму поради Рамковниот договор се отвори Уставот. Тогаш се случија, може да се каже и првите крупни измени, кои произлегоа од три анекси: Анекс за уставни амандмани, за измени во законодавството и за имплементација и мерки за градење на доверба. Меѓу 15-те амандамани беше и оној за Бадентеровото мнозинство, каде беше запишано:

-За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија, пишуваше во амандманот 10.

Уставните измени ги опфатија Албанците и во 2019-та година, кога се отвори Уставот поради Преспанскиот договор. Тогаш тие, дефакто, станаа уставотвотворен народ во Македонија.

Барањата на албанскиот блок беа исполнувани и со обични законски, но со тежина на уставни измени. На пример во 2004-та година кога беше донесен законот за територијална организација. Задоволување на коалициските договори, предводено од тогашниот премиер Владо Бучковски, предизвика страшен револт меѓу народот и големи протести во Струга.

-Јас ги ранам, јас сум приватник, јас плаќам данок за тие ѓубриња. Проклети да се…, порачуваа тогаш дел од граѓаните

-До вчера бев претседател на младина на Социјалдемократски сојуз… Мојот лидер да пука со солзавец, со димни бомби овде и да носам мои стриковци на раце отепани со крв, порачуваа тогаш дел од граѓаните.

Уставите измени повторно се тема и сега. Треба во Уставот да ги внесеме Бугарите, а албанските политичари гледаат шанса да ги протуркаат своите цели. Алијанса за Албанците соопшти дека имаат пет точки, кои мора да се прифатат за да гласаат за уставните измени. Досега соопштија само една. Се бара бришење на 20 проценти и негова замена со албански јазик во Уставот. Односно повеќе да не пишува македонски јазик и јазикот кој го говорат над 20 проценти од граѓаните, туку, македонски јазик и албански јазик, со што дефакто двата стануваат целосно еднакви во Македонија.

Матеја Петровски

Advertisements