Сезона на грип – 643 пациенти, 2 со потешка клиничка слика

И грипот зема замав. Само оваа недела имало 643 пациенти со симптоми слични на грип за кои постои сомнеж дека се заразени со поттипот А ХА 1 ЕН 1 меѓу народот познат како свински грип. Кај 15 од нив овој вирус е потврден и лабораториски.

Двајца пациенти се задржани на болница со потешка клиничка слика.

Од почетокот на сезонава вкупниот број заразени достигна 2.873 што според здравствените власти е помалку од очекувањата и помалку од претходните години.

Грипот се шири и во соседството, во Албанија беше регистриран првиот смртен случај. Во Србија починаа четворица, во Босна 22, а во Хрватска 45 луѓе.

А ХА 1 ЕН 1 се распространува исто како и обичниот грип – од човек на човек. Може да бидете заразени ако инфицирано лице искашла или кивне во ваша близина, без да си ја покрие устата. Ситните честици на вирусот може да се пренесуваат на далечина од еден метар.