Седум дена се чека најавеното „утре“ на Османи: Зошто власта се уште го крие протоколот со Бугарија?

Веќе седум дена се чека „утре“ кога Бујар Османи ќе го објави протоколот кој е дел од францускиот предлог за договор со Бугарија. Она што е чудно се зборовите на владините функционери. Османи на први јули најави дека на втори ќе го објавел протоколот, дојде и осми јули, се уште го нема, сега не бил готов.

-Протоколот е записник од седница, седница која се уште не е одржана. Значи за да има записник една седница, треба да има седница. Меѓутоа претходно ги усогласуваме мерките кои тој записник треба да ги има за наредната година, бидејќи тоа се протоколите. Тоа се записници од средби кои што се одржуваат еднаш годишно и се предвидуваат мерки како да се имплементира договорот, изјави Османи.

Целата јавност чека да што толку има во тој протокол, па се уште не се крие. Она што е симптоматично е што покрај министерот за надворешни работи плочата ја сврте и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Иако седеше на масата покрај Османи, кога министерот кажа дека ќе го објави протоколот сега и тој вели дека не бил готов.

-Во однос на прашавте дали Владата го разгледала, Владата ги очекува крајот на консултациите кои што се уште траат секојдневно, но на повеќе нивоа и со сите политички партии, изјави Маричиќ.

За разлика од нашите политичари, шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, вели протоколите биле затворени, но имале џентлменски договор со Османи да не ги објавуваат текстовите, потенцирајќи дека се надевала дека нашиот министер за надворешни работи ќе останел на својот збор.

Матеја Петровски

Поврзани вести