Седумнаесетгодишната девојка која падна во Вардар бегајќи од бездомни кучиња пронајдена почината

По тричасовна интензивна потрага синоќа во 22.30 минути, девојката од гостиварско Здуње,била пронајдена почината од страна на жители во близина на мостот во селото Балин дол.

Ова позади мене е местото каде 17 годишното девојче, синоќа околу 19 часот,бегајќи од кучиња скитници, паднало во водите на Вардар.

Девојката во страв и паника, најпрво почнала да се брани од кучињата со нејзиниот училишен ранец, кога во еден момент изгубила рамнотежа и паднала во реката.                                                                                                                      Во нејзиното родно Здуње денеска владее тага,но и гнев кај роднините и соселани .Одговорност велат, мора да има,за утре да не се случи и некој друг да настрада од глутниците кучиња скитници кои шетаат низ гостиварските улици.

За честите напади на бездомните кучиња сведочат и самите гостиварци.Едвај и со страв велат се движат по улиците и покрај кејот, особено во вечерните часови, кога кучињата ги има во поголеми групи.Бараат одговорност од локалните власти.

Првиот човек на Гостивар, Арбен Таравари, денеска беше недостапен за медиумите.Својата реакција за случајот ја искажа преку социјалните мрежи, искажувајќи сочувство за несреќата, но, и правдајќи се дека како градоначалник, го наследил проблемот со бездомните кучиња и правел се за тој да се реши.

Милена Стојановска