Северот на Косово и натаму блокиран: Премините Јариње и Брњак се уште се затворени

Продолжуваат блокадите и тензиите на Косово. Србите на северот од земјата се уште ги држат административните премини Брњак и Јариње барикадирани. На патиштата се поставени камиони, амбулатни возила и земјоделска механизација.
Официјален Белград најави дека од КФОР ќе побара враќање на српската армија на територија на Косово, а заседаваше и тамошниот совет за безбедност, по кој претседателот Александар Вучич истакна дека за него, ова била најтешкиот ден откако е претседател.

„Кога сте така доведени во ќош, нема што, морате да се борите и мојата порака до нашиот народ е: „Почитувајте го ЕУЛЕКС, почитувајте го КФОР, не дозволувајте да не испровоцираат и укажете на тоа, ако увидите дека постои можност другата страна да испрати специјални еденици со маски на лицето, па да изведат напади на ЕУЛЕКС и КФОР, па да се обидат тоа го препишат на србите, затоа што таа можност постои. На советот за безбедноста интелегенциските служби ни укажаа на тоа.“ – Истакна Вучиќ за РТС.

Заседаваше и советот за безбедност на Косово. Тамошниот премиер, Албин Курти, истакна дека состојбата на северот се уште е тензична и оти Србија со најавите за враќање на нејзината војска на Косово сака да ја продолжи војната која ја загубила во 1999та година.

„По 23 години од завршувањето на војната во Косово, Србија повторно се заканува со војна и со враќање на нејзините војници, кои извршија геноцид во Косово. Србија не крие дека бара враќање во Косово, значи сака да ја продолжи војната што ја загуби со тогашното потпишување капитулација во Куманово, на 9 јуни 1999 година“ – Изјави Курти.

Тензиите на Косово повторно се разгореа откако при вооружен напад на полициска патрола беше повреден полицаец, кој е етнички албанец, а за делото беше уапсен поранешен полицаец, кој е етнички србин. Во меѓувреме, припадниците на косовските специјалци зазедоа објект кај браната „Газиводе“, од каде ги симнаа српските знамиња и ги отстранија српските чувари.

Никола Цветкоски

Advertisements