Северна, Бугарија, знаме, територијална поделба: Сите капитулации на Македонија се дело на СДСМ!

Променето знаме, ФИРОМ, Северна, Бугарија… Сите историски отстапки на сметка на македонските национални интереси, се направени во време кога власта во Македонија е во рацете на СДСМ. Првата историска отстапка на социјалдемократите беше временета спогодба со Грција, со која Македонија во 1993-тата, стана поранешна југословенска Република Македонија, односно ПЈРМ или ФИРОМ.

-Во име на генералното Собрание ја имам таа чест да му посакам добредојде на претседателот на Поранешната Југословенска Република Македонија, вака не пречекаа во ОН.

Две години подоцна, кога власта целосно беше во рацете на СДСМ, односно во Собранието, речиси едногласно изгласаа промена на македонското знаме.

-110 пратеници гласаа за, дали е некој против? Еден е против. Дали некој се воздржува од гласање? Четворица пратеници се воздржуваат од гласање. Констатирам дека Собранието го донесе законот за знамето на Република Македонија, порача Стојан Андов.

Поради задоволувањето на коалициските договори, нова историска отстапка Владата на СДСМ, тогаш предводена од Владо Бучковски, ја направи територијалната подебла на Македонија. Ваквиот потег предизвика голем револт кај народот и протести во Струга.

Јас ги ранам, јас сум приватник, јас плаќам данок за тие ѓубриња. Проклети да се…, порачуваа тогаш дел од граѓаните

До вчера бев претседател на младина на Социјалдемократски сојуз… Мојот лидер да пука со солзавец, со димни бомби овде и да носам мои стриковци на раце отепани со крв, порачуваа тогаш дел од граѓаните.

2017-та Македонија го потпиша за многумина капитулантскиот договор со Бугарија, кој подоцна источниот сосед го користеше да ја блокира државава

Една година по овој договор, Владата предводена од Заев, на Македонија во Нивици, Преспа и ја залепи кованицата Северна. Потпишан беше Преспанскиот договор.

Според многумина последната капитулација на Македонија е прифаќањето на францускиот предлог, од Влада на СДСМ, сега предводена од Димитар Ковачевски.

Матеја Петровски