СДСМ ревносно ги брани и безобразлукот на Џафери и насилничкото однесување на Адеми

Ги направи ли стравот од губење власт, пратениците од СДСМ молчеливи за сите собраниски инциденти предизвикани од ДУИ. Наместо осуда што собранието стана место каде наместо демократија царува насилство, владејачката партија има само пофални зборови за дивеењето, прво на Талат Џафери, а последно и за Арбр Адеми, па дури изразува и поддршка за нивните постапки…Универзитетската професорка и поранешна пратеничка на СДСМ Фросина Ременски во изјава за Алфа вели деканеоправдано е секакво барање на оправдување за каков било вид на насилство и недолично однесување на пратеник.Очекував сите пратеници да најдат зборови за осуда на сите неетички однесувања кои ги гледаме деновиве, без разлика на партиската припадност и без поделба на жртви и насилници. Тоа е обврска на сите пратеници, децидна е Ременски.

Собранието е место каде што граѓаните во овие моменти очекуваат да видат дијалог, сплотеност, разбирање и работа за прашања од нивен интерес и во интерес на државата, а не да гледаат инциденти и драмолетки кои се спин/дефокус од реалните прашања и проблеми. Најмалку што очекував е повторување на несакани сцени од минатото во Собранието кои будат сеќавања за инциденти кои не треба никогаш да се повторат. Особено што дел од пратениците беа сведоци и жртви на тоа насилство. Не смее да има молчење пред насилството , вели Ременски.

Експертската јавност е децидна дека станува се поочигледен стравот на СДСМ дека доколку се сврти против ДУИ или барем да го осудни нивното однесување, тоа би значело и крај и на владината коалиција. Политичкиот аналитичар Агим Јонуз вели дека СДСМ се плаши да го расипе „бракот“ со ДУИ, па е подготвена да го брани и тоа што не може да се одбрани.

Додека од Илинденска не гледаат причина за реакција по сите скандали кои го тресат законодавниот дом, пратеничката група на СДСМ не губи време, па на социјалните мрежи се нижат статуси со поддршка за насилството по собраниските галерии и величење на однесувањето на пратениците од ДУИ.

Ивана Соколовиќ Најдова

Поврзани вести