СДСМ наликува на брод што тоне – очајнички статус на пратеник го извади на површина незадоволството на членството

СДСМ наликува на брод што тоне – очајнички статус на пратеник го извади на површина незадоволството на членството

Врие во СДСМ. Разочарувањата и незадоволството во владејачката партија од актуелното раководство излегоа на површина. Пратеникот Мартин Костовски со очајнички статус го повика членството на обединување и помирување.

Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедно еден до друг, или ќе потонеме сите еден покрај друг. Време за помирување и обединување, напиша Мартин Костоски

Бура од коментари и реакции од незадоволни членови и симоатизери на партијата под ваквата објава :

  • Во опозиција бевме обединети, потоа не раздели фотељата.
  • Сите сакаме да биде така, но прво чистка по општинските за да го вратите старото членство, избркано од сегашните раководства . Инаку се ближи крајот .
  • Ние веќе потонавме. Ама за нас не е важно, важно е вие да не потонете. Сега кај членовите на СДСМ веќе не постои разочарување туку гнев и револт кон раководството на партијата. Затоа ќе бидете жестоко казнети на наредните парламентарни избори кога и да се.
  • Вака и тендери кога делевте ( не лично вие ) да зборувавте добро ќе беше . Сега ви текна дека треба да се држиме заедно еден до друг кога ви висат фотељите

Повикот на пратеникот за обединување и помирување доаѓа во време кога Уставните измени лебдат во Собрание бидејќи власта го нема потребното двотретинско мнозинство .  И двајца пратеници од коалицијата предводена од СДСМ не дадоа подршка за отворање на највисокиот правен акт, со цел внесување на Бугарите во истиот.  Во меѓувреме во политичките и новинарските кулоари се погласни се шпекулациите дека освен пратениците Диме Велковски од СДСМ и Илија Николовски од Партијата на пензионерите има и други кои нема да дадат подршка за уставните измени при финалното гласање.

Претседателот на СДСМ и премиер, Ковачевски се обидува да ги реалтивизира случувањата во партијата и коалицијата за кои директно посочи пратеникот Костовски.

А да имаше еден статус за обединување и тоа е одличен статус . Еве ако имате камери сликајте не обединети со министерот и директорот , одговори Димитар Ковачевски.

Извори од СДСМ брифираат дека во моментов таму има дури пет  неформални фракции кои ги водат Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ, Радмила Шеќеринска и екс лидерот Зоран Заев.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста