СДСМ: ДПМНЕ го блокира евро-патот

Додека опозицијата открива нови коруптивни тендер скандали, владејачката партија тврди дека посветено работи на европскиот пат, за разлика од ВМРО ДПМНЕ која според нив, ги блокира евро-интеграциите.

„СДСМ посветено работи на продолжување на европскиот пат на државата. Членството во ЕУ води кон европски вредности и стандарди, посилна демократска стабилност и правна сигурност, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии. Евроинтеграцијата носи економска стабилност и раст, вклучување во единствениот европски пазар од 500 милиони луѓе, пристап до голем број бенефиции, фондови и инвестиции од ЕУ за развој на инфраструктурата, земјоделството, образованието, здравството, културата. Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира. ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени. Огромно мнозинство на граѓаните, над 70 отсто е за ЕУ“, стои во најновото соопштение на СДСМ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста