СДСМ го притиска ДУИ за претседателски кандидат

Заедничко коалиционо решение или надпартиски кандидат за иден претседател – партиите пред одлука. Ја напушта ли СДСМ идејата за консензуален претседател, по изјавата на потпретседателот на владејачката партија Мухамед Зекири за Клан ТВ, дека тие ќе имаат свој кандидат со кој ќе излезат на претседателски избори, но легитимно е ДУИ да си имаат свој предлог во изборната трка, или да го прифатат нивното решение.

-Ние сме независна партија и предводник на централната власт и секако органите на нашата партија ќе ги назначат можните кандидти. Легитимно во ова ќе биде и ако ДУИ може да излезе со свој кандидат. Тие можат да излезат со свој кандидат или да го поддржат кандидатот на владината коалиција, вели Зекири.

Партиските органи на СДСМ синоќа не донесоа одлука кој ќе биде нивен претставник за претседател, ниту пак дали ќе ја прифатат фрлената ракавица од опозицијата и заедно со претседателските избори, да се соочат и на вонредни парламентарни.

Генералниот секретар Кирацоски синоќа индиректно ги потврди информациите кои ги објавуваше Алфа дека постои несогласување помеѓу таборите на Заев и Шеќеринска, велејќи дека има различни мислења околу настапот на изборите, правдајќи се дека биле демократска партија.

Опозицијата својот кандидат за врховен кандидат на државата ќе избира на партиската конвенција закажана за 16-ти февруари во Струга. Засега јавно своите претседателски амбиции искажа пратеникот Влатко Ѓорчев кој ја објави својата кандидатура.

Ивана Соколовиќ Најдова