СДСМ без став за проблемот со новите лични документи и претстојните избори
Владеачката СДСМ или се уште нема, или не сака да го каже ставот за тоа, дали граѓаните кои нема да успеат да извадат лични документи со новото уставно име на државата, треба на изборите кои следат идната година да гласаат со лични карти или пасоши каде го пишува претходно, Република Македонија.
Актуелните документи, дури и ако не се со истечен рок, само поради новото име и одредбите од преспанскиот договор, важат надјоцна до фебруари идната, 2024та. А следната година е изборна , со предвидени претседателски и парламентарни избори, на кои, секој избирач мора да има важечка идентификација за да гласа.
Од Државната изборна комисија, за Алфа ТВ порачаа оти ова е новонастаната ситуација, која што досега не е предвидена во изборниот законик, па така, тој ќе треба да се менува.
За разлика од Социјал демократскиот сојуз, од ВМРО-ДПМНЕ со став. Велат дека правото на глас не смее да се ускрати. Пратеникот Антнио Милошоски на социјалните мрежи неодамна порача оти се надева дека власта нема да биде толку безобразна и навистина да им оневозможи на дел од граѓаните да го остварат правото на глас само затоа што во личната карта не го пишува новото државно име.
- „Секој валиден документ, без разлика каков наслов носи, би требало да е валиден за гласање. Но, за ова прашање Државната изборна комисија (ДИК) треба да изгради принципиелен став и на тој начин да ги заштити правата на гласачите, без разлика на политичките одлуки кои можеби измениле наслови на некои нивни лични документи“ – Напиша пратеникот Антионо Милошоски на социјалните мрежи.
Дел од граѓаните со кои разговаравме, велат дека не планираат да вадат нови лични документи, само поради новото уставно име на држвата, бидејќи старите се уште им важат, па не гледаат причина повторно да даваат пари. Други пак, велат, дека тоа не им се допаѓа, но, мораат.
И додека МВР, не толку успешно се трка со времето за исполнување на заложбите од преспанскиот договор, останува отворено прашањето, дали граѓаните кои нема да успеат до истекот на рокот да дојдат до нова лична карта, ќе можат да гласаа со постоечките документи.
Никола Цветкоски