Свеченост по повод 8-ми септеврми во палатата на ООН во Женева

Денеска во Палатата на Обединетите Нации во Женева се одржува свеченост по повод денот на независноста на Македонија, во организација на постојаната мисија во ООН и Македонскиот национален совет од Швајцарија. Пред амбасадорите и дипломатите ќе бидат промовирани македонските храна, вино и фолклор. Настап ќе има културно – уметничкото друштво Свети Наум Охридски од Тринген, а ќе биде прикажана и видео презентација со убавините на земјава со наслов „Македонска љубовна приказна“.