Светски ден на хемофилија: дел од болните се жалат дека државата не води доволно грижа за нив

Денеска е светски ден на хемофилијата. Дел од болните се жалат дека државата не води доволно грижа за нив и дека нема соодветни терапии.

„Проблеми има и ќе има. Во моментот фактор за хемофилија А и Б има во доволна количина, затоа што тендерот минатата година беше маратонско доцнење, дури во декември се потпиша, додека набавката преку тој тендер почна од јануари. Исто така, имаме проблеми со образование како и со вработување нагласи претседателот на организацијата за хемофилија“, Лилјана Рајчевска.

Рајчевска рече дека здружението за хемофилија се надева дека националната комисија и државата ќе најдат начин објавување на тендери веќе да нема и факторот да се набавува на друг начин.