Светски ден на белиот стап – приказната на Горан и Ливанта покажува хумано општество само на хартија

Тој велешанец, а таа штипјанка. Пред две години се запознале  на коцерт каде што настапувале и оттогаш  се неразделни.  Горан Бошковски  и Ливанта Дивчова, заедно се борат со сите предизвици наметнати од нивниот хендикеп. Ливанта е слепо лице, а Горан е со оштетен вид. Бариерата и ѕидот околу нив го срушиле, па сега еден со друг ги надополнуваат своите недостатоци.   Патеката порај река Брегалница им е омиленото место , бидејќи таму лесно можат да се движат, објаснува оваа симпатична двојка која  денес, со останатите членови од Здружението на слепи лица во Штип, го одбележаа 15октомври-Меѓународниот ден на белиот стап…

  „Патеката ни е како втор дом. Секојдневно се движиме, многу ни е убаво таму, но по тротарите има многу паркирани возила, па движењето многу ни е отежнато„-вели Горан Бошковски.

 „Среќа што си пронајдов пријател, што живее со мене . Полека се движиме и мислам дека животот ми се нормализира„-вели Ливанта Дивчова.

И двајцата се приматели на додаток. Горан е корисник и на семејна пензија.  Ливанта претходно работела, и недостасуваат пет години пензиски стаж. Има завршено средно училиште за физотерапевт во Белград.  Разочарани  се, бидејќи не само што се заборавени од институциите, туку и од тоа што системот не им дозволува, во целост да се докажат.

„Оваа држава мене не ми овозможи да се вработам, да докажам што имам постигнато. Иако сум дома потполна самостална. Мене никој не може да ми го земе тоа што ми го дала природатаКазнета сум цел живот да бидам дома! Затворена во четири ѕида, без работа!

 „За време на ковидот јас живеев сам!Родителите ми се починати. Никој не ме праша  дали ми треба нешто, како се снаоѓам!„-вели Горан Бошковски.

Инфлацијата го јаде  додатокот што лицата со хендикеп го земаат од државата, средства со кои повеќе не можат да си ги купат ниту лековите..

 „Па од се штедиме. Од греење, а сега како поскапе храната и од неа почнавме да штедиме. Дури мора да преминеме на вегетарјанска исхрана за да преживееме. Не се качува ниту нега, ниту мобилност„-вели Ливанта Дивчова

Долга е листата со барања за подостоинствен живот на слепите лица, заклучуват нашите соговорници.  Потребни се законски решенија со кои ќе се поедностави остварувањето на семејна пензија  или додаток од државата, вработувања, асистенти во институциите, но и инфраструктурни  решенија со што ќе им се олесни секојдневието на слепите и лицата со оштетен вид..

Александра Ристевска

Advertisements