Светска банка: Се поголем е јазот помеѓу богатите и сиромашните
Растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните нации ризикува да ја продлабочи сиромаштијата во земјите во развој. предупреди Ајај Банга, нoвиот шеф на Светска банка. Ова предупредување, тој го изнесе на состанокот на министрите за финансии на Г20 во Индија нагласувајќи дека многу земји сè уште се опоравуваат од двојниот удар на пандемијата на коронавирус и последиците од руската војна во Украина, која ги погоди глобалните цени на горивата и суровините.
Во меѓувреме, климатските промени ги погодуваат некои од најсиромашните земји со кои најтешко се справуваат. Банга стравува дека недостатокот на напредок може да доведе до поширок јаз во глобалната економија, на штета на најсиромашните во светот. „Она што ме буди ноќе е недовербата што тивко ги дели глобалниот Север и Југ во време кога треба да се обединиме“, рече Банга на дводневниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки во Гандинагар, државата Гуџарат.
„Фрустрацијата на глобалниот југ е разбирлива. На многу начини, тие ја плаќаат цената за нашиот просперитет“, рече Банга со индиско потекло, натурализиран американски државјанин кој ја презеде банката минатиот месец откако беше номиниран од американскиот претседател Џо Бајден.