Светската банка ќе одвои 200 милијарди долари за борба против климатските промени

Светската банка соопшти дека во периодот 2021-2025 година ќе издвои 200 милијарди долари за финансирање проекти за борба против климатските промени, што е двојно поголема сума од средставта наменти за таа цел во претходните пет години.

– Треба да се бориме со причините за климатските промени, но и да се приспособиме кон последиците од нив, кои несомнено ќе бидат најдраматични во најсиромашните земји, изјави извршната директорка на Светската банка, Кристалина Георгиева на Конференцијата на ОН за климата (КОП 24), што  почна вчера во полскиот град Катовице.

Експертите проценуваат дека најавата на Светска банка на стартот на Конференцијата во Катовице, претставува важен поттик за меѓународната заедница да преземе слични чекори.

Во пресрет на Конференцијата развиените земји се обврзаа да го зголемет финасирањето на проекти за справување со климатските проемни во државите во развој за дополнителни 100 милијарди долари до 2020 година.

Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), дури и дополнително да се зголемат средставта за таа цел, развиените земји од Северната земјина полутопка треба да преземат појасни обврски за справување со климатските промени во сиромашните држави од јужните делови на планантета.

Како најзначајни последици на климатските проемни, кои се очекува да се почувствуваат во земјите во развој, се посочуваат покачувањето на нивото на морињата и појавата на елементарни непогоди, како поплави и суши.