НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сведоштво: Наместо на плажа, под урнатините ги изгубив мајка ми и брат ми

Желбата за добра ноќ на радио водителот остана само желба. Ништо не наговестуваше дека утрото во 5:17 минути ќе се случи катастрофален земјотрес, а Скопје ќе биде срамнет со земја. Многу граѓани останаа под урнатините, градот беше завиен во плач, а повикот за помош го слушна целиот свет. Загинаа над илјада луѓе, а имаше и мнногу повредени. Слободанка Велковска е сведок на страотниот земјотрес. Наместо да заминат на летување, се разбудиле под урнатини, задушени од прашина. Планот за сонце и плажа, за само неколку минути се преворил во очајнички обид да се преживее.

  • „Се гушевме, прашина, тоа беше многу страшно. Викацме, мамо, тато… Плачевме гушнати. Никој не слуша. Видвоме дупка, почнавме да копаме, ја проширивме, излеговме. Се уште тресеше. Тогаш сфативме дека е земјотрес.“ – Се сеќава Слободанка Велковска.

Таа во земјотресот ја загубила мајка и, брат и, како и двајца братучеди. Вели дека глетката била страотна.

  • „Гледаме зад завесата нешто се мрда. Си рековме мачка. Ја скинавме и видовме машка рака. Татко ми свика, јас сум, татко ви. Засипнат од прашината, се гушел, му се промени гласот.“ – Раскажува таа.

Велковска која во тој момент имала само 13 години, вели дека со денови не знаела оти останала без својата мајка и брат.

Старата скопска железничка станица зад мене долги години била симбол за возбуда, среќа и урбанистички престиж. Се до 1963та, кога за 20 кобни секунди ќе стане симбол на страдањето на скопјани.

Земјотресот кој се случи пред 6 децении уништил 80% од градот, урнатините затрупале 1000 жртви, а 100 000 луѓе останаа без дом.

Скопје со помош од целиот свет стана град на солидарноста и се издигна повторно во метропола.
Граѓаните и државниот врв денеска положија цвеќе на гробиштата во Бутел, а се одржаа и низа други активности во спомен на загинатите. Пораките се речиси исти од сите- Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори.

Никола Цветкоски