Сајкоски: Имаме 129 години борба за автономија, борба за посебност

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и доктор по историски науки на денешниот научен симпозиум 129 години ВМРО „Борба за Македонија која трае“ говореше за идејата за автономна и самостојна Македонија каде посочи дека ние денес имаме 129 години континуитет, борба за автономија, борба за посебност, борба за своја автономна држава.

-Ние денес имаме 129 години континуитет, ние денес имаме 129 години борба, борба за автономија, борба за посебност, борба за своја автономна држава, така отпочнаа нашите револуционери, така отпочнаа луѓето кои што на 23 октомври 1893 година започнаа со идејата за автономна, самостојна Македонија, со идејата за формирање на македонска револуционерна организација, со идејата за формирање на внатрешна македонска револуционерна организација. Морам да истакнам дека предизвиците со кои што соочуваме ние денес во 21 век за докажување на својата посебност, на својата автономија, на својот суверенитет биле слични како тие што соочија во 19 век, ние во своја држава, а тие во борба за своја држава. Имено почетокот на 19 век беше Македонија во составот на османлиската империја, османлиска империја која во овој период е во една тешка, економска, политички-општествена криза со многу задолжување кај странските инвеститори, со многу лоша инфраструктура, со поместување на поморските патишта и со будење на дел од народите за кои што почна борба за своја самостојност, рече Сајкоски.

Сајкоски при своето обраќање укажа на преговори помеѓу Санстефанскиот договор и помеѓу Берлинскиот конгрес, Австрија каде заедно со германската дипломатија предлагаа да се формира македонска автономна држава во границите на природните географски граници на тогашна Македонија со која што народот кој што живее тука ќе добие своја држава и ќе има своја посебност. На ова Сајкоски потсети дека предлогот за формирање на автономна македонска држава кон крајот на 19 век не бил прифатен од Руската дипломатија.

-Овој период и оваа борба што ја водеа народите доживеа империјата да дел по дел да губи од својата територија. Ваквото губење на територијата го искористија сите империјални сили во тој период за да можат се повеќе да одземаат од османлиската империја. Во 1877 година започна една војна помеѓу Русија и османлиската империја која заврши со пораз на османлиската империја, руските војски дојдоа до портите на Истанбул и ја принудија османлиската империја да потпише мировен договор кој што не беше меѓународно признат и одма се пристапи кон ревизија. Ова го кажувам за да ве воведам во еден документ кој што не е тука јавно експониран, но е значаен документ затоа што во овој период помеѓу Санстефанскиот договор и помеѓу Берлинскиот конгрес се водат интензивни преговори помеѓу најголемите тогашни светски сили. Во овие преговори помеѓу Санстефанскиот договор и помеѓу Берлинскиот конгрес Австрија заедно со германската дипломатија предлагаат да се формира македонска автономна држава во границите на природните географски граници на тогашна Македонија со која што народот кој што живее тука ќе добие своја држава и ќе има своја посебност. Но ваквиот предлог не бил прифатен во тој период и покрај инсистирањето на Димитар Робев кој е тогаш е пратеник во Османското Собрание, предлогот за формирање на автономна македонска држава кон крајот на 19 век не беше прифатен од Руската дипломатија, кажа Сајкоски.

На крај тој додаде дека во Солун 1893 година се формираше македонската револуционерна организација која начелата ги доби по тоа да биде организација која што ќе се бори за македонска автономна држава, организација која што ќе биде внатрешна, која главно начело е да се ослободи Македонија и да биде независна од сите други држави.

-Во вакви тешки услови каде што сега Македонија има свои соседи кои се независни, голем број на пропаганди кои што ги има во тој период се формира во Солун 1893 година македонската револуционерна организација која начелата ги доби по тоа да биде организација која што ќе се бори за македонска автономна држава, организација која што ќе биде внатрешна, која главно начело е да се ослободи Македонија и да биде независна од сите други држави. Она што се охрабрија да го направат револуционерите го продолжија илјадници граѓани после тоа затоа што начелата и она што произлезе од организацијата се пренесе во секој дом и она што е најбитно организација беше отворена за сите без разлика на вера и нација. Тие ја започнаа битката за автономна држава, пред 78 години се продолжи еден друг континуитет и бевме во состав на една друга држава повторно автономни, пред 31 година станавме самостојна држава за денес да можеме да го продолжиме континуитетот на борба за една просперитетна Македонија, економски јака Македонија и Македонија која ќе биде пример и лидер во регионот а тоа го можеме и тоа го знаеме. Да живее ВМРО, да живее Македонија, вели Сајкоски.

Advertisements

Поврзани вести