Санитарен инспекторат или транспортна фирма? Речиси сите тендери биле за одржување службени возила

Дваесет и четири од 26-те последни тендери се за сервис на моторни возила, за купување на гуми, за вулканизерски услуги и за влечна служба. Државниот Санитарен и здравствен инспекторат како да е транспортна фирма а не институција која треба да врши надзор на клиниките и болниците. Само во последните помалку од три месеци на службените коли биле потрошени над 33 илјади евра, а за набавка на гориво бил склучен договор во вредност од над 29 илјади евра.

Токму од овие 29 илјади евра директорката Иринка Сотирова – Бухова точи и во службеното гориво, некогаш дизел некогаш бензин.

Откако Алфа ја откри аферата таа со потценувачки однос кон јавноста одговори дека службеното Клио работело на батерии.

ИРИНКА СОТИРОВА БУХОВА – Директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат

  • На Батерии. Сакам да ја искористам оваа прилика да ги повикам надлежните да ги истражат наводите изнесени во дел од медиумите“, рече во одговор за Алфа, Иринка Сотирова Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Освен што во истото возило полнела и бензин и дизел, директорката магично точела и повеќе гориво од што собира резервоарот.

Дека праксата на Сотирова – Бухова траела подолго време, потвдуваат повеќе фисклани сметки, како и еден куп други документи до кои дојде Алфа.

Од комисијата за спречување корупција веќе потврдија дека првиот инспектор задолежен за чистотата во болниците и операционите сали веќе е под нивна лупа.

  • По предметот оформен по поднесена пријава против Иринка Сотирова Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, постапувањето е во тек. Се врши анализа на прибавените информации и документација“.

Од Јавното обвинитлество ниту потврдуваат ниту демантираат дали има кривична пријава за Сотирова – Бухова повикувајќи се на презумпцијата на невиност.

Министерот за здравство, пак, бега од прашањата на Телевизија Алфа.

Борис Грујоски

Поврзани вести