Само со измени во изборниот законик ќе може да гласаат граѓаните без лична карта со новото уставно име

Остануваат уште шест месеци за граѓаните да ги променат личните документи, кои ќе го носат новото уставно име на државата. По 12-ти февруари, граѓаните не ќе можат да излезат од границите на македонија доколку на пасошот стои името „Република Македонија“. Неважечки ќе бидат и личните карти и возачките дозволи и ниедна институција нема да ги прифаќа. И додека МВР, не толку успешно се трка со времето за исполнување на заложбите од преспанскиот договор, останува отворено прашањето, дали граѓаните кои нема да успеат до истекот на рокот да дојдат до нова лична карта, ќе можат да гласаа со постоечките документи. Од државната изборна комисија децидни, за Алфа велат, дека станува збор за новонастаната ситуација, која не е предвидена во изборниот законик, и затоа тој треба да се менува.
- „Конкретното прашање е новонастаната ситуација, која не е опфатена во овие одредби. Истото треба дополнително да се регулира со закон, со цел на сите граѓани кои ги исполнуваат останатите услови, да им се овозможи искористување на правото на глас“ велат од Државна изборна комисија за Алфа.
Според подзаконските акти на владата, коИ се темелат на одредбите од преспанскиот договор, дури и оние на кои не им е истечен рокот, личните документи ќе им важат до фебруари, идната, 2024та година. Имајќи предвдид дека не чека изборна година, кога треба да се оддржат и претседателски и парламентарни избори, се очекува да се појават компликации, бидејќи избирачите мора да имаат важечки лични документи.
Дилема околу гласањето имаше и за време на локалните избори во 2021, но речиси во последен момент се најде решение, со кое, дури и на оние избирачи со истечен рок на важност на личните диокументи, им беше дозволено да гласаат. Услов тогаш беше, личната карта или пасош, да истекле, од денот на распишување, до денот на одржување на изборите.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, предложија сите граѓани коишто имаат валидни лични документи, да имаат право да гласаат на претстојните претседателски избори, бидејќи, како што посочуваат, станува збор за документи издадени од домашните институции, а политичката одлука за промена на државното име, не смее да биде причина за ускратување на правото на глас.
Никола Цветкоски