Само Пендаровски го разбрал Милков и пораката за враќање на црни времиња во Македонија

Министерот за надворешни работи по стапките на премиерот – и тој случајно или намерно се прави дека не разбрал конкретно што кажа неговиот бугарски колега. Бујар Османи тврди дека не знае на кое време мислел Николај Милков во скандалозната изјава во која рече дека во Македонија се враќале традициите на палење, пукање и стрелање – можеби станувало збор за Југославија.

  • „Ако очекувавте јас да бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа, од мене нема да го добиете, затоа што јас ниту ќе го пофалам тој период, заради мои причини, нема да го критикувам како министер за надворешни работи затоа што претставувам граѓани кои што имаат поинакво мислење.“ – Одговори Османи.

Претходно и премиерот Димитар Ковачевски не даде јасна осуда на спорната изјава – не му било јасно на кој период мислел бугарскиот министер.

За разлика од нив, претседателот Пендаровски конкретно одговори на провокациите од Милков – му порача дека традиција на палење и стрелање имало во Македонија од 41 до 45 и дека тоа може да се види со посета на Ваташа.

  • „Враќање на црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија – на палење, пукање, стрелање, насилство врз луѓе.“ – Рече Милков неодамна.

Оваа изјава на Милков е повеќе од јасна, особено ако се земе предвид дека беше дадена во неделата пред болницата во која се лекува новоосвестениот Бугарин Христијан Пендиков .додека стоеше до Османи кој сето ова го премолчи.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста