Самостојниот синдикат на шумската полиција се заканува со радикализација на на протестите

Независниот синдикат на шумската полиција најавува радикализација на протестите од 15 ти мај доколку надлежните не го потпишат колективниот договор. Ова го потенцираа на 7 миот, како што велат од синдикатот, предупредувачки протест. Протесниот марш започна во близина на факултетот Кирил и Методиј , па  се упатија кон Владата за, како што велат, да го предупредат премиерот дека треба сериозно да бидат сфатени.

Тие очекуваат ресорниот министер да го испочитува ветеното.Независниот синдикат на шумската полиција  најавува дека со потпишувањето колективен договор, меѓу другото, вработените ќе добијат плата за работа во смени, празници како и за неработни денови.