Самоа и Нов Зеланд со голем огномет влегоа во 2019 година

Тихоокеанската островска држава Самоа е првата во светот, која со голем огномет во главниот град Апиа зачекори во 2019 година, а еден час по неа, Новата Година ја прославија и во Нов Зеланд.

Жителите на Оукленд, Нов Зеланд уживаа во традиционалниот огномет од Скај Тауер.

Во Сиднеј, Австралија се очекуваат околу 1,5 милиони луѓе на бреговите на пристаништата од каде ќе го следат спектакуларниот огномет. Организаторите наведуваат дека тоа ќе биде најголема прослава до сега и оти 12-минутниот огномет чини шест милиони австралиски долари.

Во Јапонија ѕвоната на будистичките храмови ќе се огласат 108 пати, што го претставува бројот на земските искушенија кое една личност треба да ги надмине за да постигне нирвана, а со цел да се испрати старата и дочека Новата година.