Сами со себе: Ковачевски наместо со народот, само со своите си го прослави датумот за датум

Народот гласно кажа не за францускиот предлог со кој Македонија доби прва меѓувладина конференција. Илјадници граѓани секојдневно гласно кажуваа НЕ.

Сепак власта го прифати, па далеку од очите на обичниот народ на може да се каже приватна забава, си го прослави најновиот датум за датум. Наместо голема прослава за голем успех, како што Владата сака да ја прикаже првата меѓувладина конференција, која сепак не значи старт на преговори, премиерот Димитар Ковачевски си ги собра само најблиските во Клубот на пратеници.

-Драги мои советници, министри, почитуван и драг претседател на државата господин Стево Пендаровски. Ви благодарам на сите за присуството вечерва, порача Ковачевски.

Без разлика дали успесите биле политички или пак спортски, повторно е јасно дека кога атмосферата е за славење македонскиот народ знаел да слави, па така беше во 2011 година, кога ги пречекавме македонските кошаркари по освоеното четврто место на Европското првенство.

Дека луѓето во Македонија знаат да ги прослават важните моменти за државата доказ е и големата прослава за 20 години од независносста.

Додека власта сега си слави сама со себе, пред четири барем имапше некаква организација на прослава. Тогашниот премиер Зоран Заев и неговите соработници, со популарно меѓу граѓаните наречениот НАТО Фејст, ја прославија поканата за членство во Алијансата.

Македонските граѓани со голема радост ги прославуваа и големите успеси на Ракометниот клуб Вардар кој два пати стана европски првак, а прослави имаше и за политичките успеси како добивањето кандидатски статус за членство во ЕУ и визната либерализација.

Матеја Петровски