Салма Хаек, Семјуел Џексон и Рајан Рејнолдс се селат во Хрватска

Некои од најголемите имиња во Холивуд се селат во Ровињ, Хрватска каде ќе се снима продолжението на успешниот акционен филм од 2017 година, The Hitman’s Bodyguard.

Веста ја потврди и градоначалникот на Ровињ, Марко Палиага. Снимањето би требало да започне во април и се очекува да трае околу еден месец, пренесува Глас Истре.

Засега познати се првите три мегапопуларни имиња кои ќе бидат привремени жители на Хрватска: Семјуел Л. Џексон, Салма Хајек и Рајан Рејнолдс, но според хрватските медиуми може да се очекуваат и други познати актери.