САД ќе ја зголемат финансиската помош за украинските вооружени сили

САД ќе обезбедат уште 10 милиони долари за финансирање на украинските вооружени сили за зајакнување на воената морнарица.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека одлуката е донесена во врска со настаните од минатиот месец кога Русија заплени три украински брода, создавајќи „опасно зголемување“ на тензијата.

Стејт департментот смета дека по нападот на 25 ноември во близина на Керченскиот проток, Литванија и Велика Британија ја зголемија помошта за безбедноста во Украина.

– Соединетите Американски Држави ја повикуваат Русија веднаш да ги врати на Украина трите запленети бродови и нивниот екипаж, да не го затвора Керченскиот теснец и да обезбеди премин на бродовите преку Азовско море, пловејќи кон украинските пристаништа и да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Британскиот министер за одбрана Гавин Вилијамсон, кој вчера беше во посета на Украина, во знак на солидарност со Киев, се качи на украински воен брод сличен на еден од запленетите и пловеше по Црно море. Со него беше и украинскиот министер Степан Полторак.