САД: Принудно слетување на авион откако му откажа моторот

Авион на американската компанија Делта кој летал од Балтимор за Атланта принудно слета откако му откажа еден од моторите.

На видеото што го снимил еден од патниците се гледа како металниот конус се откачил и удира во внатрешноста на моторот.

„Откако слушнавме експлозија кабината почна да се полни со чад и сите почнавме да паничиме“ изјавил еден од патниците за СИ-ЕН -ЕН.

Авионот со 150 патници принудно слетал во Северна Каролина, нема повредени.

Авиокомпанијата соопшти дека моторот на леталото ќе биде заменет и тоа ќе се врати во служба уште денеска.