САД предупредија на непосредна закана по американските сили во Ирак

Американската армија синоќа ја повтори загриженоста од евентуални непосредни закани по своите војници во Ирак од силите кои имаат поддршка од Иран и го зголеми нивото на готовност.

– Операцијата „Вродена одлучност“ сега е на високо ниво и продолжуваме внимателно да ги надгледуваме веродостојните и евентуални непосредни закани по американските сили во Ирак, изјави портпаролот на Командата на американската армија, генерал Бил Урбан.

Иранските власти тврдат дека САД водат психолошка војна, а иранската Револуционерна гарда соопшти дека Техеран ќе возврати на какви било агресивни американски акции.