САД повлекува персонал од Ирак поради тензии во Иран

Амбасадата на САД во Ирак денеска соопшти дека од Стејт департментот добила наредба целиот персонал, кој не е неопходен, веднаш да ја напушти таа земја поради ескалација на тензиите со Иран.

Предупредувањето, објавено на веб-страницата на Амбасадата, уследи откако Вашингтон минатата недела соопшти дека открил нови закани од Иран, чии сили во регионот целат на Американците и американски интереси.

Амбасадата на САД во неделата ги советуваше американските граѓани да избегнуваат патување во Ирак.

Дел од вработените во Амбасадата на САД во Багдад и во Американскиот Конзулат во Ербил веќе заминаа од Багдад. Исто така стопирано е и издавањето на визи.