САД во шок по масакрот во основното училиште во Тексас

Крвав масакар во САД. 18-годишен напаѓач со пиштол и полуавтоматска пушка,
влегол во основното училиште Роб во градот Увалде – Тексас, почнал да пука и убил деветнаесет деца и двајца наставници. Пред да влезе во училиштето осомничениот  идентификуван како Салвадор Рамос, пукал и во сопствената баба, која се бори за живот, соопштија властите. Потоа напаѓaчот се качил во автомобилот, се судрил со друго возило и трчајќи влегол во училиштето, каде почнал неконтролирано да пука. Брзата реакција на полицијата спречила катастрофата да биде поголема. Напаѓачот побегнал, но за кусо време бил фатен на пат кон граница , пукал кон полицијата, но тие веднаш го застрелале. Во градот Уваледе, голема тага по улиците. Родителите чекаат информација плус од полицијата. За сега се знае дека 13 деца и еден возрасен се во болница. Се прават и ДНК анализи на убиените.
Постојано поставувам прашања, што се случува, никој ништо не ми кажува. Никој не ми кажува, ништо не ми кажува, а еден од родителите велеше дека можеби има деца на погребниот дом и тоа е она што ме донесе овде да дознаеме што се случува, изјави родител на едно од децата
Говорејќи од Белата куќа неколку часа по пукањето, видно вознемирен претседателот на САД – Џо Бајден ги повика  Американците да им се спротивстават на лобистите за оружје и да вршат притисок врз членовите на Конгресот да донесат измени во законот за оружје. Бајден кој и самиот загуби ќерка, зборуваше за големината на загубата.

Зошто сме подготвени да живееме со овој масакр? Зошто дозволуваме ова да се случи? Каде во Божјо име е нашиот ‘рбет за да имаме храброст да се справиме со тоа? Време е оваа болка да се претвори во акција. Родителите никогаш нема да бидат исти кога ќе изгубат дете. тоа е како да ти е откорнато парче од душата. има празнина во твоите гради. чувствувате дека сте вовлечени во неа и никогаш нема да можете да излезете. задушувачки, рече Бајден

Срцето ми е скршено поради трагедијата во Тексас, кажа Папата  Франциск и порача, доста е со неселективната продажба на оружје.
Се молам за децата и возрасните кои беа убиени и за нивните семејства. Време е да се каже „доста е“ за неселективна трговија со оружје. Ајде сите да се заложиме за да трагедии како оваа не може да се повторат, рече тој.

Не е прв пат да се случи вакво нешто, изјави родител чие дете загинало во ист ваков масакар што се случил пред 5 години во училиштето Паркланд во Флорида каде што загинаа 17 деца.

Многу сум бесен, ова мора да се превенира и да преќине затоа што утре пак ќе се случи истото и сите го знаеме тоа. Пак ќе кажам многу сум бесен, не ми е јасно како може општеството после вакви работи да не се разбуди. Мојот син беше убиен пред 5 години во ист ваков масакар. Политичарите не преземаат ништо, праќаат сочувство, не ни треба нивното сочувство, ни требаат нашите деца, изјави родителот

Масовните престрелки во Америка се чести и доведоа до јавни протести и повици за построга проверка на заднината на продажбата на оружје и другите контроли на огнено оружје вообичаени во други земји.

Бојана Златкова

Поврзани вести