});

Рaсте бројот на жртви по патиштата во охридско-струшкиот регион

На патиштата во охридско-струшкиот регион гинат луѓе. Во само два дена во сообраќајни несреќи животот го загубија два лица, а 7-мина тешко повредени завршија во болница.

Вчеравечер околу 19.10 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево кај Подмолје загина 40 годишен жители од охридското село Мешеишта, во сообраќајка помеѓу патничко возило Цитроен ксара управувано од кичевчанец и мопед без регистатски таблички кој го управувал сега починатиот.

Само еден ден претходно, на 6-ти ноември,рано утрото на магистралниот пат Подмолје-Струга, едно лице го загуби животот, а петмина се здобиле со тешки телесни повреди. Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки ознаки, управуван од сега починатиот. Истата вечер, во струшко се случи уште една сообраќајка во која  две тешко повредени лица биле пренесени во специјалната болница Свети Еразмо.

И покрај бројните собраќајни несреќи на оваа делница случени изминатиов период  во кои имаше и жртви, возачите се однесуваат несовесно. Основна причина за случените сообраќајни незгоди најчесто е пречекорување на дозволената брзина, управување под дејство на  алкохол, како и претекнување на недозволени места-велат од СВР Охрид.

Инаку и пред околу половина месец едно лице загина а петмина други беа тешко повредени во сообраќајка што се случи токму овој критичен патен правец во близина на манастирот „Св.Еразмо“.

 Росица Голабоска