Рјабков: Русија е подготвена за дијалог со САД

Русија е подготвена да разговара на дипломатско и на воено ниво со САД за Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел (ИНФ), изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

– Подготвени сме за дијалог ако се спремни и САД. Подготвени сме за консултации на ниво на министерствата за надворешни работи и одбрана, како и на советите за безбедност. Тоа да се случи утре, ќе бидеме подготвени. Тоа треба да биде дијалог на исто ниво, рече Рјбаков, кој престојува во посета на Индија.

ИНФ беше потпишан во 1987 година од последниот советски лидер Михаил Горбачов и тогашниот американски претседател Роналд Реган.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година се закани дека ќе се повлече од Договорот, тврдејќи дека Москва не го почитува.