});

Рјабков: Новите американски санкции се бескорисни

Новите американски санкции кон Русија се толку многу неефикасни што Москва нема да губи време на нивна анализа, изјави синоќа рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Тој додаде дека Русија ќе продолжи да ја развива економијата, туризмот, социјалната сфера и другите сектори на Крим.

– Ниту еден притисок или напад нема да влијае врз овој курс. Мерките воведени од САД се толку неважни, неосновани и неефикасни во својата основа што би било клонтрапродуктивно за нас да губиме време анализирајќи ги, посочи Рјабков.

Тој најави дека Русија ќе ја разгледа таквата одлука, но оти за сега „има многу поважни работи“.