Рускоска: До крајот на мај обвинение за осомничените за организирање на собраниските настани

Најдоцна до крајот на мај ќе биде подигнато обвинение за осомничените за организирање на настаните од Собранието на 27 април, соопшти денеска обвинителката Вилма Рускоска.

Таа вели дека ги сослушала добар дел од сведоците кои планирала да ги сослуша, а оваа недела течел распитот на обвинетите. Според зборовите на Рускоска следната недела веројатно ќе договорела одбраната да изврши увид во доказите.

Обвинето за организирање на случувањата во Собранието се поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски, екс првиот човек на Собранието, Трајко Велјановски, Никола Бошковски и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

Рускоска вели дека не очекува во скоро време да и се пружи прилика да го сослуша.