Русија: Уапсени шест терористи на ИД, планирале напади во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти денеска дека открила ќелија на терористичката организација Исламска држава (ИД), која планирала да изврши големи терористички напади во Москва.

-Шест членови на тајна ќелија, која е поврзана со меѓународната терористичка организација Исламска држава, се уапсени во московски регион. Со ќелијата управувале претставници со седиште во Сирија, а со потекло од Централна Азија, се вели во соопштението на Федерална служба за безбедност .

Од ФСБ информираат дека притворените планирале да извршат големи терористички напади во Москва, „користејќи огнено оружје и импровизирани експлозивни направи.

-За време на претресот им беше запленето автоматско оружје, како и пари, технологија за комуницирање, извештаи за процесот на подготовка на терористички напади и прирачник за составување експлозивни направи, наведуваат од ФСБ.