Русија бара од „Гугл“ да спречи ширење информации за протестите

Руската агенција за надѕор на медиумите побара од американската компанија „Гугл“ да преземе мерки за да спречи да им овозможува на корисниците на „Јутјуб“ да испрaќаат информации за неодобрените протести.

До овој потег доаѓа по неколку неделните протести во Москва поради одбивањето на кандидатурите на некои опозициски и независни почитичари за изборите во главниот град.

Руската агенција наведе дека ако „Гугл“ не се ангажира во врска со ова прашање, тоа ќе биде сметано како мешање во внатрешните работи на Русија и Москва ќе има право на контрамерки.