Рочиште за „Софтвери“: Не може да се дочитаат пораките што си ги разменувале обвинетите

Обвинителството не може да ги дочита пораките на обвинетите на чело со Драги Рашковски за нелегалната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци. Сопственикот на „Ивока груп“, Даниел Станчев, фирмата која ги набавувала спорните софтвери за генералниот сектретаријат на Владата и обвинетиот Ивица Димитровски знаат кога, кои фирми и колку ќе понудат на наддавањето. Сигурни во себе, односно во квалитетот на сопствениот  софтвер , кој според пораките имал дури 95 поени, го добиваат тендерот по што следуваат честитки. 

Пораки помеѓу Ивица Димитровски и Даниел Станчев (02.01.2020):

„Кажаа до 4 да одиме“

„И пиша ти?“

„Колегата ми пиша“

„За нас до 4М(милиони) да одиме“

„Аха ок“

„Не се откажуваат ни двете“

„Луда работа“

„Се продолжува автоматски за по две минути“

„Да“

„Меѓу нив малку нека се јадат, да видиме кој ќе се откаже“

„Не се откажуваат до 1.5М(милиони)“

„Луда работа затоа после ништо ништо не функционира во државава“

„Овој последниов почна да се за*бава или?“

„Е да“

„Не знам зошто продолжува ако останува иста позиција. Или тоа намерно?“

„Времето го зголемуваат намерно“

„Тие вторите веројатно се откажаа или?“

„Сега се израмнија“

„Да ама не сум сигурен дека се откажани“

„Ако се спуштат сега ќе мора и ние да спуштиме“

„Ќе не поминат со поени“

„Да, ќе мора“

„Толку“

„Ај на здравје“

„Честитки“

„Честитки“

J

„Ова интересно било, аукции и чуда“

По два месеци во јавноста се појавуваат првите информации за нелегалната набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, па обвинетите вознемирени си препраќаат линкови од новинарски текстови.

Пораки помеѓу Ивица Димитровски и Даниел Станчев (09.03.2021г.)

 „Го објавија ова“

(Споделуваат линкови)

„Се надевам дека нема да копаат“

„Ќе видиме“

(10.03.2021г.)

„Следиш ли случувања?“

(По ова си праќаат линкови)

„Не баш“

„Нема од што да се плашиме, се е легално“

„Да, да. Си имаше наддвање се тоа“

„Ова Драги повеќе ќе го притискаат“

„Демек зошто не е МВР и сл. Зошто преку Генерален секретаријат. Деканот да се спреми за во Антикорупциска. Ти си спремен“

„Мислиш ќе нѐ викаат?“

„Обавезно“

„Ајде ќе видиме“

(Повторно се споделува линк од вест)

„Хаос“

„Почнаа да копаат“

„Не е хаос, новинарска статија“

„Не тоа секако си е на место, зборам за оправданоста и сл.“

„Валјда има документи и координација“

„Сигурно имаат план каде и како ќе се користи“

„И многу лоша координација со МВР“

Откако во медиумите почна да се пишува , дека софтверот не одговара за да се постави на камерите во главниот град, Станчев и Димитровски си пишуваат како ќе се поправат софтверот. Тие се товарат дека  ја злоупотребиле службената положба при спроведување на четири постапки за јавна набавка, и притоа во џеб си ставиле 300 илјади евра. 

Викторија Миткова