Розова реалност само во главите на власта: 2030- реална само за Ковачевски, Османи и Маричиќ, патот кон ЕУ ќе биде многу трновит

Уставни измени и членство во ЕУ до 2030-та година. Ова во стил на папагали секојдневно го повторуваат триото Ковачевски, Османи и Маричиќ. Сепак реалноста е сосем друга, тоа е дека членството во нареднава деценија е речиси невозможна мисија. Тоа последен ни го кажа Макрон, а овој факт го потврди и Европската Комисија, од каде одбија да гарантираат проширување на ЕУ до 2030-та.

Сепак ова не се први вакви пораки кои ги добиваме последниов период, па поради тоа е уште почудно зошто македонските власти не убедуваат дека само Бугарите во Уставот се доволни. Дека треба да работиме на уште многу други проблеми, во мај годинава, директно ни порача холандскиот амбасадор Јан Коп, кој кажа дека корупцијата и условите во правосудството на еден начин се на катастрофално ниво во Македонија.

-Постои корупција насекаде, конфликт на интереси, влијание врз невладиниот сектор, непотизам, клиентелизам, а препораките од ДКСК и Народниот правобранител, не се почитуваат од никого, ниту од Владата, ниту од Собранието, ниту од Обвинителството, изјави Јан Коп на 28-ми мај 2023-та.

Дека треба да работиме на многу други реформи, пред една година директно ни порача и еден Олаф Шолц, германскиот канцелар, една од главните фигури во Европската Унија

-Сакам да бидам сосема искрен со вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати, изјави 11-ти јули 2022-ра.

Покрај работа на домашните проблеми, Шолц ни порача дека за проширувањето ќе треба да почекаме и на реформите внатре во Европската Унија. Она што ни го порача и Макрон.

-ЕУ мора да се реформира пред да стане Унија со 30 или со 36 земји членки, вклучително земјите од западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, изјави Шолц на 30-ти август 2022-ра.

Црни дамки на розевите очила на Ковачевски, Османи и Маричиќ, некогаш се фрла и од внатре. Во еден од случаите тоа беше македонскиот претседател Стево Пендаровски. На критиките од холандскиот амбасадор, кажа дека се чувствуал понижено и свесен бил дека ќе биде трновит патот кон ЕУ.

-Како држава ние сме во прилично лоша состојба особено во делот на клучниот принцип по мене, по кој се проценува подготвеноста за членство во ЕУ, тоа е владеење на правото, изјави Пендаровски, изјави Пендаровски на четврти јуни годинава.

Сепак и ставот на Пендаровски не е баш конзистентен, сега во врска со горливото прашање за уставни измени, вели дека биле избор или си за или си против ЕУ.

Дека Бугарите во Уставот не ни е единствен услов на патот кон ЕУ, ни кажа и евроамбасадорот во Македонија Дејвид Гир. Тој ни порача дека додека цвета корупцијата, место за државава во Европската Унија нема да има.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста