Родниот град на Заев економски тоне, Струмичани му се жалат на Мицкоски

2019 ќе биде економски тешка година, веројатно послаба и од 2018, смета лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Според него, лошите економски политики на власта веќе се чувствуваат мегу граѓаните, а тоа се отсликува и во статистичките податоци кои покажуваат мининално раздвижување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека економската ситуација е катастрофална, нема нови работни места, нема нови инвеститори и тие што се тука мака мачат да го скрпат први со први за да можат да поделат плата, а посебно ги погодува овој нов предлог закон кој што го даде Владата на СДСМ и Зоран Заев за зголемените даноци.

  • Практично тоа е карактерна особина на влада и политичар што нема визија, нема проекти не знае да спроведе реформи во економијата и најлесно му е „ајде да посегнеме по она што ни е најблиску до раката, а тоа се граѓаните“. Оние граѓани кои претходно му ја дале довербата и го избрале за премиер во република македонија. Тоа е погрешен пристап што не треба да ни се повторува во иднина. Целокупната лоша економска ссостојба во државата е пресликана тука во Струмица и струмичко, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Нема ништо и од ветувањата за нови инвестиции, смета Мицкоски. НБРМ прокнижи одлив на речиси 6 милиони евра во третиот квартал. Но, ова се гледа и на терен. Струмичката Индустриска зона која ја посети Мицкоски е рецичи празна.

Бизнисмените се жалат дека власта е глува на нивните предупредувања, особено околу рамниот данок кој стартува од 1 јануари.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на бизнисмените им вети дека штом неговата партија се врати на власт, ќе го врати и рамниот данок, ќе ја зголеми поддршката за домашните компании, но и ќе работи напорно на привлекување нови странски инвестиции.

Борис Грујоски