НАЈНОВИ ВЕСТИ

Родилката што се обиде да се самоубие на Гинекологија се уште е во животозагрозувачка состојба

Сериозни повреди на вратот и главата – се уште е тешка и критична состојбата на 39 годишната родилка која се обиде да си го одземе животот фрлајќи се од првиот кат на скопска Гинекологија. Зошто и како се случил немилиот настан, и дали имало пропусти на персоналот ќе утврдува инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. – велат од МЗ.

Психијатрите предупредуваат дека случајот на родилката која веројатно страдала од постпородилната депресија е се почеста појава во државава, и нашиот здравствениот систем треба да посвети поголемо и посериозно внимание.

Од 10 до 15 проценти од вкупниот број на родилки на тоа се смета дека треба да се додаде уште толку, за оние кои страдаат во сенка. Зошто, токму заради непознавање , неинформираност и чувство на вина и страв. Едноставно непрепознавање, самата жена не препознава дека и треба помош.Не преоознава семејството ниту здрваствените работници за жал дека нешто се случува со таа жена. Но, ризикот е антанатална депресија се најголем ризик за појава на депресија после породувањевели проф. д-р Славица Асрова, психијатар.

Психијатрите сметаат дека започнувајќи од неплодноста, па сè до појава на големи животни промени, па продолжувајќи со набљудување на среќни трудници во нивната околина, додека тие не се чувствуваат среќни – сето тоа може да доведе до депресија.

“Ризик фактори за депресија се во бременост и после породување,се мала возраст односно под 18 години, првородки, постари првородки значи доколку мајката е повозрасна,долготрајно лечење стерелитет, евентуално болест од било кој карактер и лоша психо-социјална поддршка” – вели психијатарот д-р Арсова.

Родилката на која ова и било прво породување била донесена на Клиниката во петокот во 36-тата недела од бременоста во тешка состојба. Од ГАК велат дека пациентката во петокот се пожалила на вознемиреност, а со неа разговарал клинички психолог. Слични симптоми имала и следниот ден, била прегледана од дежурен лекар кој и дал соодветна терапија, и покрај тоа таа имала обид за самоубиство и се фрлила од прозорец.