Родено е најголемото машко бебе во Македонија

На Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје, минатиот месец, се родило најголемото бебе во државава.

Станува збор за момченце, тешко 5.700 г. и 55 см должина, објавија од гинекологија.

Породувањето го водел лекарски тим. При приемот на пациентката направена е комплетна евалуација и проценка од докторите за големината на плодот како и карличните мерки на пациентката.

Мајката одбрала породувањето да биде по природен пат. Доколку би постоело одредена акушерска индикација породувањето ќе се завршело со царски рез.

Инаку, просечната тежина на бебињата при породување е меѓу 2.500 и 4.000 грама.