Ристевски во „За или против“: Ги тераме младите на шверцерски начин да внесуваат пари во државата

Во денешното гостување во „За или против“ на Алфа ТВ, колумнистот Александар Ристевски вели дека се доведуваме во ситуација да го губиме населението и да не можеме да изнајдеме модел за да ги привлечеме назад.
- „Половина од технологиите кои се за земање пари од интернет, што ги има во Косово, Србија и Бугарија, ги нема во Македонија. Македонија нема интерент банка.“ – Вели Ристевски.
Тој смета дека државата не ги согледува целосно потребите на младите кај нас и во отуство на разбирање на проблемите, нема ни правилна стратегија да ги задржи.
- „Ги тераме младите шверцерски да внесуваат пари кај нас. Да одат во други држави, само за да извадат пари.“ – Потенцира тој.
Ристевски смета дека Македонија има затворена економија кога станува збор за современите начини за трансфер на пари и оти мора да е во чекор со државите од соседството.