Ристевски во „За или против“: Во Mакедонија ќе останат само работниците кои ќе го градат автопатот

Во денешното гостување во „За или Против“ на Алфа ТВ, колумнистот Александар Ристевски, вели дека не треба да се обвинува народот за дисфункционалноста на политичарите.
- „Апелирам до народот. Кога ќе ни дојдат потенцијални носители на јавни функции, треба да се внимава на нереални ветувања, кои делуваат романтично и многу убаво“ – Смета Ристевски.
Тој додава дека мора да се видат примерите од државите низ светот. Што е реално, а што не. Повикува граѓаните кога избираат да не веруваат во бајки.
- „Населението во Македонија е заложник на филмови и митови.“ – Потенцира Ристевски.
Тој смета дека во моментот кога предизборните ветувања нема да се исполнат, оние кои се реалисти си одат, а Македонија ја губи работната сила.