Ридот Балтепе во Тетово закана за жителите на населбета Колтук

Ридот Балтепе распукува и се повеќе земја се спуша кон градот затоа што во минатото локалната власт дозволуваше да се градат објекти на местата каде постоеја само лозја или бавчи.  Овој аларм доаѓа од жителите на населбата Колтук, кои први ги чувствуваат последиците-при секој поголем дожд наноси од земја и песок се спуштаат кон куќите. 

Тие веќе мака мачат со новонастанатите проблеми. Атмосферската канализација е преполна со земја и при дожд водата си тече по улиците и завршува во нивните домови.

Еве ги шахтиве се затворени, водата наместо да иде по канализација, иде одозгора водата. Преплива таму, преплива ваму, тоа е вели Трпе Симјановски.

Вода наместо да тече во шахтите тоа тече одоздола и влага видовте вие визбата каква е водена рече Борка Георгиевска.

Наносите од кал, песок и вода освен што ги поплавуваат овие улици што инаку се наоѓаат нна угорнини, ја уништуваат и калдрмата. Па поради тоа како да нема улици низ ова маало. Калдрмата е растурена и повеќе има дупки отколку што има коловоз. Тешко е и за возила и за пешаци.

Прво и основно улициве се пропаднати, за никаде, ископани често пати, еве сега дождојте кога беа, се ископаа комплетно коцката на многу места се ископа. Горе некој што копа, водата што донесе кал и песок го донесе овде. Нешто самиот народ чистеше, нешто остана, вели Душко Ристовски.

Овој предел го поминуваат многу возила од планинските села Селце, Вејце и Лавце па и тие се соочуваат со оштетувања на автомобилите.

Више плаќаме Повеќе плаќаме за поправки отколку што кошта аутото вели еден возач.

На ридот  Балтепе со години наназад се градат дури и повеќекатници, а на неколку места се појавува и ерозија.

Александар Самарџиев