Речиси 5000 фирми немаат исплатено плата за месец август

Вработени во речиси 5000компании во државата се уште чекат на сметка да им легне августовската плата,покажуваат последните податоци на УЈП. Бројките се слични секој месец, рече директорката на УЈП која денеска присуствуваше на дебата во рамки на 6 по ред Текстилијада.

– „Со податоците што ги имаме до 5 октомври, скоро 5000 работодавачи се уште немат исплатено плата за август, додека ист толкав број на работодавачи воопшто немат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000работници„-изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП

Во овој момент најважна е одржливоста на компаниите и зачувување на работните места. Затоа е неопходна поддршка и помош од државата за полесно да се преброди кризата, алармираат од Конфедерацијата на работодавачи. За првиот човек на Конфедрацијата, Миле Бошков најавата на Стопанската комора за отпуштање на околу 350.000работници е избрзана, бидејќи прво треба да се слушнат мерките за помош

– „Сметам дека Мнистерството за труд и социјална политика и Владата нема да дозволат околу 350.000вработени да останат на улица и да бидат социјална категорија, на социјална помош. Тоа не може да си го дозволи државата, а сметам дека не може да си го дозволи ни самото стопанство„-изјави Миле Бошков, претседател на Конфедерација на работодавачи.

Мерката за замрзнување на маржите на производите, а не на цените од Конфедерацијата за работодавачи велат дека дава јаасна слика за нашата држава дека ние сме увозно продуктно зависни.

Александра Ристевска

Advertisements