Речиси 2.000 лица осудени на доживотен затвор по обидот за пуч во Турција

Речиси 2.000 лица се осудени на доживотен затвор во Турција, во рамките на судските процеси поврзани со обидот за државен удар во јули 2016 година.

Анкара го обвинува исламискиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил САД, и неговото движење за организирање на обидот за пуч.

Турските власти презедоа големи чистки насочени кон поддржувачите на Ѓулен, при што беа уапсени речиси 55.000 луѓе, а 140.000 беа отпуштени или привремено отстранети од работа.

Од 289 судски процеси, 239 се веќе завршени, како нивен резултат, изречени се вкупно 1.934 доживотни затворски казни.

Покрај тоа, 1.123 луѓе добија затворски казни во треање од една до дваесет години.

Чистките во Турција не престануваат повеќе од две години по обидот за државен удар, при што секоја или речиси секоја недела се соопштува за нови операции за приведување осомничени.

Паралено со мерките против поврзаните или осомничените за врски со Ѓулен, акции беа преземени и против курдската опозиција, како и против медиумите критички настроени кон Владата. Ова предизвика критика од европските земји и организациите за човекови права.