Речиси 150 ученици не се вратија во училиште во Штип и Кочани, се отселиле од Македонија

Над 80 ученици од штипските средни и основни училишта денес не тргнаа на училиште поради тоа што со своите семејства заминале во странство. Најалармантна е состојбата во основните училишта, посебно во училиштето Димитар Влахов лоцирано во населба со помлада популација. Од септември до декември во ува училиште исписница побарале триесет ученика.

  • „Во средините општински училишта имаме испишано 12 ученици на ниво на општина, додека кај основните училишта ситуацијата е повеќе загрижувачка. Таму имаме 69испишан ученика, односно за нив е побарано исписници„-изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Негативниот тренд не го заобиколува ниту Кочани. Бројот на ученици од прво во второ полугодие само по основ заминување во странство е намален за 63. И таму најголем процент се основци. Сепак надежда не ги напушта општинските власти. Праксата покажува дека еден дел од семејствата кои заминале, повторно се враќаат во своите родни огништа.

  • „Некаде околу 20 до 30% од тие што си заминуваат повторно се враќат. Најчесто и заминувањето што се случува го земаат за еден месец бидејќи и учениците толку може да отсуствуваат од настава. Токму и во тој период семјствата дознаваат дали ќе останат или ќе се се вратат„ изјави Снежана Санева од Општина Штип.

Иселувањето , но и белата чума си го направи своето. Годинава во Кочани првото бебе се роди на тринаесетиот ден во годината, а според последниот попис за две декади од државата ни се се иселиле околу 200 илјади граѓани.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести